Во Челси го губат трпението со Кепа Аризабалага, веќе почнале со потрагата по нов голман: Прв избор е англиски репрезентативец…

kepa-navednat

Од таборот на Челси не се задоволни со изданијата кои ги прикажува 25 годишниот Кепа Аризабалага кој пристигна во клубот пред 18 месеци за огромни 72 милиони фунти.

Шпанецот не се снаоѓа најдобро на „Стемфорд Бриџ“, а повремените блесоци не може да го оправдаат неговиот вкупен учинок во Челси.

Токму затоа, како што пренесува „Дејли Мејл“ од Челси почнале одблиску да ги следат настапите на голманот на Барнли, Ник Поуп.

27 годишниот чувар на мрежата е еден од најдобрите играчи на Барнли, а одличните настапи во овој клуб му го зацементираа местото во англиската репрезентација каде редовно добива повик, а се очекува да биде во тимот на Гордиот Албион и на Европското првенство кое ќе се игра ова лето.

Facebook Коментари