Поврзете се со нас

Германија

Во Баерн подготвени и за најлошо сценарио со заменик капитенот: Никој не е над клубот

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Баерн Минхен успешно го мина тестот наречен Штутгарт и направи уште еден голем исчекор кон титулата во Бундеслигата, и тоа неколку дена пред големото дерби со Баер Леверкузен во Лигата на шампиони.

Баварците ги искористија двата подароци од домаќините и извојуваа победа со резултат 1:3, натпревар на кој Баерн покажа дека може да биде трпелив и дисциплиниран и без Џошуа Кимих во тимот.

Големата ѕвезда на Баерн беше одморен поради ситна повреда и Компани очигледно го сочува за тоа што следи, но иако не играше, Кимих беше доста коментиран по крајот на мечот, особено поради ексклузивата која се пренесе во Германија.

Баерн како клуб ја повлече последната понуда до заменик капитенот поради недостаток на комуникација и било каков одговор во преговорите, па сега Макс Еберл најави дека во клубот се подготвени и за најлошо сценарио, а тоа е да го загубат Кимих без да заработат за него ниту едно евро (му истекува договорот следново лето).

– Размислувајќи и говорејќи генерално, ниту еден играч не е над клубот. Ако играч почне да размислува поинаку, тогаш тој носи поинакви одлуки од оние на клубот. Работите ќе продолжам во Баерн без оглед на се.

– Имало многу големи играчи кои биле дел од Баерн и кои си заминале поради тоа што не постигнале договор со клубот, или пак им истекле договорите. Животот продолжува напред, но ќе нагласам дека ние се уште не сме дошле до таа точка со Кимих. Со Џошуа се уште сме во комуникација и има огромна почит меѓу двете страни, – изјави спортскиот директор Макс Еберл.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни