Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: Втор пораз во низа за „лавовите“, Башкими се искачи на второто место

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkmakedonijagp1932

Македонија Ѓорче Петров останува лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига, но вториот пораз во низа дефинитивно треба да ги освести „лавовите“ кои одработија речиси перфектен прв дел од сезоната.

По поразот од Башкими на домашен терен, тимот од Ѓорче Петров ова попладне беше непријатно изненаден и од Победа, гостување на кое лидерот загуби со 2:1.

Фаворитот прв поведе со голот на Ѓорѓи Дошев, но прилепачани успеаја да израмнат преку Кофиловски, а потоа да освојат и големи три бода со вториот гол на Димоски.

Добра вест за Македонија е тоа што пораз денеска претрпе и Брегалница на гостувањето во Каменица кај Саса со уверливи 4:0, а од овие резултати, најмногу профитираше екипата на Башкими.

Тимот од Куманово го победи Арсими со 2:1 и се искачи на второто место на табелата, па сега има само два бода помалку од Македонија Ѓорче Петров.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни