Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: Саса се избори за опстанок во последното коло, Тетекс ќе игра бараж за задржување на статусот

Објавено

на

Последното коло во Втората македонска фудбалска лига не донесе никакви возбудувања на врвот, но затоа ги реши сите прашања кога е во прашање битката за опстанок и обезбедувањето на бараж разигрување за опстанување во ист ранг.

Воска Спорт, Гостивар и Вардар ги знаеја своите судбини пред одигрувањето на завршното коло, па нивните натпревари навистина беа во втор план кога одредени екипи се бореа за живот.

Каменица Саса на крајот избори опстанок во Втората лига откако успеа да ремизира со Пелистер во Битола, натпревар кој заврши со најразочарувачкиот резултат, 0:0.

Ова беше доволно за составот од Каменица да го обезбеди 12-то место, бидејќи имаше подобар меѓусебен дуел со Тетекс, кој пак на крајот и покрај добрата серија во завршните рунди, ќе мора да се задоволи со бараж.

Тимот од Тетово денеска победи кај Арсими со 3:4 и обезбеди бараж, додека Локомотива се сели во Трета лига, натпреварување во кое испаѓаат и Слога Виница и Борец од Велес.

Најдобриот тим во Втората лига, Воска денеска славеше кај Борец со 1:7, Гостивар беше подобар од Караорман со 0:2, додека Вардар играше со младинци и загуби од Кожув со 3:1. Тренерот Грнчаров реши да ги поштеди сите првотимци, јасно мислејќи на баражот кој следи со Скопје за влез во Првата лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни