Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: Ранетите „лавови“ се вратија на победнички патеки, сигурни триумфи и за останатите два фаворити

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkmakedonijagp1932

Македонија Ѓорче Петров се разбуди навреме и по два порази во низа забележа убедлива победа на домашен терен, остварена со високи 4:0.

Екипата на Новаци не беше сериозен предизвик за ранетите „лавови“ кои загубија од Башкими и Победа, па уште по првото полувреме стана јасно дека бодовите остануваат во Ѓорче Петров.

Велковски и Марковски стрелаа во противничката мрежа за комотна предност од 2:0, Христов погоди во проодлжение, додека Марковски со вториот гол ги постави конечните 4:0.

Сигурни ова попладне беа и двата останати претенденти за пласман во Првата лига, бидејќи Башкими ја победи Беласица со 1:2, а Брегалница беше подобра од Вардарски со 2:0.

Македонија Ѓорче Петров останува прва со два бода повеќе од Бешкими, додека трета е Брегалница која има четири помалку од лидерот на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни