Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: „Лавовите“ сигурни во Велес, Брегалница се намачи за три бода

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkmakedonijagp1932

Македонија Ѓорче Петров не го дава врвот во Втората македонска фудбалска лига и продолжи да реди победи, па така ова попладне славеше и на гостувањето во Велес кај екипата на Борец.

„Лавовите“ се мачеа речиси 60 минути на денешната средба да го скршат отпорот, но откако го направија тоа со голот на Симеон Христов, потоа следеше голема грешка на домашниот голман.

Христов со својот втор гол набрзина го реши прашањето околу победникот и се погрижи за нови три бода за Македонија, која сега е прва со три бода предност на табелата.

Брегалница беше на чекор од нов пораз денеска на натпреварот против Арсими, но сепак успеа да реагира навреме и со два гола во завршницата да се избори за пресврт.

Шефити со мајсторски гол ја принуди Брегалница да брка резултат, по што Даноски во 83-та минута израмни на 1:1, а Калшачки се погрижи за целосен пресврт во 90-та минута.

Од најдобрите тимови во лигата, денеска пораз претрпе Башкими, тим кој во тензичен натпревар со Скопје загуби 2:1 во Автокоманда.

ВМФЛ резултати:

Борец – Македонија ЃП 0:2

Брегалница – Арсими 2:1

Детонит – Беласица 2:1

Скопје – Башкими 2:1

Кожув – Охрид 0:0

Осогово – Победа 4:1

Вардар Неготино – Каменица Саса 0:1

Вардарски – Новаци 0:2

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни