Македонија
ВМФЛ: „Лавовите“ испукаа „петарда“ во мрежата на Вардар Неготино, минималци за Брегалница и Башкими
Попладневната програмата во Втората македонска фудбалска лига ги понуди сите осум натпревари од 13-то коло, а Македонија Ѓорче Петров и останатите два пратители покажаа зошто се најдобри екипи во вториот ранг.
„Лавовите“ на домашен терен го преслушаа Вардар Неготино и го почестија со „петарда“ во Ѓорче Петров, но ако Македонија беше убедлива, Брегалница и Башкими имаа доста потешки задачи.
Триумфот на Македонија од 5:0 беше еден од трите на кои видовме по пет гола од домашна екипа денеска, меѓутоа Брегалница и Башкими се задоволија со по еден постигнат гол.
Брегалницата ја освои Струмица и ја победи Беласица со 0:1, додека Башкими на домашен терен беше подобар од Кожув со 1:0.
Резултати:
Арсими – Борец 1:0
Башкими – Кожуф 1:0
Беласица – Брегалница 0:1
Каменица Саса – Вардарски 5:1
Македонија ЃП – Вардар Неготино 5:0
Новаци – Осогово 5:0
Охрид – Детонит Плачковица 1:3
Победа – Скопје 0:2
-
Шпанија22 часа
Маестро Модриќ му покажуваше на Мбапе каде да се движи на теренот, па испорача фудбалски деликатес (Видео)
-
Англија19 часа
Шок во Манчестер: Ретклиф го „шутна“ засилувањето од Њукасл по само пет месеци! (Фото)
-
Италија22 часа
Раниери откри зошто го закова за клупа капитенот на Рома
-
НБА20 часа
НБА хит: Циркузантската тројка на Дончиќ „од паркинг“ со звукот на сирената (Видео)
-
Англија21 час
Караницата меѓу Белингам и Арда предизвика ерупција на Реал во Каталонија (Видео)
-
Англија19 часа
Голем пресврт: Новинарот кој има инсајдерски информации за Салах го откри следниот чекор на Египќанецот
-
Англија12 часа
Палмер испиша историја во ПЛ, Челси со голем пресврт до славје во трилерот со Тотенхем
-
Италија12 часа
Маикон со емотивна видео порака за Пандев: Никогаш нема да заборавам еден твој гол