Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: Башкими се израмни со Македонија на врвот на табелата, залетаниот Арсими „им дише во врат“

Објавено

на

Како што се ближи финишот на сезоната во Втората македонска фудбалска лига, така возбудувањата стануваат се поголеми, бидејќи сега четири тима се борат за влез во најсилното натпреварување во нашата земја.

Македонија Ѓорче Петров и натаму е првопласирана на табелата по 24 комплетирани рунди, но од денеска е израмнета на табелата со Башкими, тим кој го искористи последниот кикс на „лавовите“.

Башкими на гостински терен ја декласираше Каменица Саса со 0:5 и со испорачана „петарда“ ги потврди прволигашките амбиции, нешто што дефинитивно важи и за Македонија.

За разлика од очекувањата, „лавовите“ сепак ќе треба повеќе да се испотат за да обезбедат прволигашки статус, бидејќи денешните 0:0 на гостувањето во Кожув веќе не им гарантираат сигурност и голем мир.

Лоша вест за Македонија е и залетаниот Арсими, кој попладневно одново победи против Скопје со 0:2 и сега има само два бода помалку од водечката двојка.

На четвртото место е Брегалница која денеска загуби од Вардар Неготино, по што слободно може да се каже дека штипјани го губат здивот во најлош можен период.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни