Шах
ВМ Трајко Недев се етаблираше како тренер од светска класа со успехот на неговиот најмлад ученик

Македонскиот велемајстор Трајко Недев, долгогодишен член на ШК Алкалоид, кој низа години играше за Македонија на првата табла, од оваа година се повлече од репрезентацијата и се посвети на тренерската работа.
Тој е еден од двајцата македонски шахисти кои поседуваат лиценци за Фиде сениор тренер, при што другиот (В. Георгиев) живее и работи во САД.
Еден од најмладите ученици на ВМ Трајко Недев е 9-годишниот Данаил Попзафиров од Бугарија, кој има рејтинг од 1868 (според септемвриската листа на ФИДЕ) на неодамна завршениот турнир Опен Тетевен освои 5,5 поени од 9 партии и беше рангиран на 23 место од 95 играчи. Со ваков успех, младиот шахист покажал рејтинг перформанс од 1821, што соодетствува на неговиот рејтинг.
Претходно, меѓу 9 и 16 август Попзафиров ја освоил титулата во бугарското младинско првенство.
Компаративно, на европско ниво меѓу децата на возраст од 9 години Данаил Попзафиров е второпласиран, зад Јагиз Каан Ердогмус од Турција, кој има нецели 100 рејтинг поени повеќе. На светско ниво, пред нив е само уште едно дете од оваа возраст, Илан Шнајдер од Аргентина со рејтинг од 2080.
Недев фигурира како личен тренер на Попзафиров веќе две години, поточно од јули 2018 година, кога го презема талентираниот шахист со рејтинг од 1149 поени. Во овој период од две години тој со својот студент работи пет часа неделно.

- Англијапред 14 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 11 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Шпанијапред 23 часа
Искусниот стопер на Валенсија се расплака откако го прашаа какви чувства буди борбата за опстанок (Видео)
- Италијапред 9 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 15 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 13 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 23 часа
Одбрана на сезоната во Премиер лигата: Дубравка со вонсериски рефлекс во 92. минута го спаси Њукасл (Видео)
- Англијапред 10 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим