Свет
Влошена здравствената состојба на еден од најпознатите агенти, Мино Раиола

Угледниот германски медиум „Билд“ пренесува дека супер агентот, Мино Раиола се наоѓа на Интензивна нега во болница во Милан поради проблеми со белите дробови.
54 годишниот агент се појави во болница на 12 јануари, а тогаш дел од медиумите пренесоа дека Раиола мора да оди на итна операција.
Сепак, во соопштението пренесено од неговиот тим тогаш беше кажано дека Раиола се појавил во болница на тестирања кои барале тој да биде ставен под анестезија и дека не станувало збор за итна операција.
Но, „Билд“ денеска пренесува дека здравјето на Раиола дополнително се влошило и тој во сериозна состојба бил сместен во одделението за интензивна нега на болницата.
Раиола е еден од најпознатите светски агент, а се очекува во следниот период да ги средува трансферите на Ерлинг Халанд, Пол Погба и Матијс Де Лихт кои се очекува да реализираат супер трансфери следното лето.
-
Италијапред 22 часа
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
АТПпред 23 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Светпред 16 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 24 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 17 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Светпред 13 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Германијапред 21 час
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок