Поврзете се со нас

НБА

Влезе во одбрано друштво: Гобер по третпат најдобар дефанзивец во НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Членот на Јута Џез, Руди Гобер е прогласен за најдобар дефанзивец во НБА лигата за натпреварувачката 2020/2021.

Центарот собра најмногу гласови, односно имаше вкупно 464 со што беше далеку пред Бен Симонс од Филаделфија (287) кој заврши на второто место, додека пак трет беше асото на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин (76).

Ова за Гобер беше трето вакво престижно признание во кариерата со што влезе во одрано друштво на играчи кои најмлаку трипати го направиле ова во кариерите-тоа се легендарниот Дикембе Мутомбо (4), Бен Волас (4) и Двајт Хауард (3).

Во својата осма сезона во НБА лигата, Французинот беше број еден по остварени дефанзивни скокови по натпревар (10,1), вкупно остварени дефанзивни скокови (720) и блокади (190), а беше второрангиран по направени „банани“ по натпревар (2.70).

Руди со Јута ја мина првата рунда на плејофот и веќе води со 1-0 во полуфиналната серија против ЛА Клиперс на Западот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни