Поврзете се со нас

Англија

Влезе во одбрано друштво: Де Брујне е играч на сезоната во Премиер лигата!

Објавено

на

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне е прогласен за најдобар играч во оваа сезона во Премиер лигата.

Оваа кампања завршува утре, но што и да се случи нема да го промени впечатокот дека Белгиецот имаше одлична година во која даде 15 голови и 7 аасистенции на 29 натпревари, учинок кој може да го поправи против Астон Вила, но и да се израдува на пехар во случај „граѓаните“ да го потврдат статусот на фаворити.

Кевин ги остави зад себе Александер-Арнолд, Салах, Боуен, Кансело, Сака, Мин и Вард-Праус, но во исто време влезе во одбрано друштво на Кристијано Роналдо, Тјери Анри и Немања Видиќ како асови кои во повеќе направи биле прогласени на најдобри фудбалери на сезоната во елитната англиска конкуренција.

Претходно пак Фил Фоден беше избран за најквалитетн млад играч во кампањата 2021/2022.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни