Поврзете се со нас

Свет

Властите во Дубаи му покажаа „црвен картон“ на Промес, напаѓачот ќе биде екстрадиран во Холандија

Објавено

на

Foto:twitter.com/fcsm_official

Полицијата во Обединетите Арапски Емирати го уапси Квинси Промес по барање на холандската влада, која веќе некое време имаше распишано интернационална потерница по познатиот напаѓач кој беше прогласен за виновен во два различни случаи.

Поранешниот напаѓач на Ајакс заработи две затворски казни од една ипол и шест ипол години, првата поради напад на свој близок роднина со ладно оружје, а втората поради важна улога во шверцување на повеќе од еден тон кокаин.

Холандскиот суд му ја изрече втората пресуда пред извесно време, но тогаш се чинеше дека Промес е сигурен во Русија која е земја која нема договорено екстрадиција со Холандија, но последниот излет на напаѓачот се покажал како клучен да биде „уловен“ од властите.

Како што информира холандското обвинителство, Промес бил уапсен на аеродромот во Дубаи откако имал обид да влезе преку аеродромот во оваа земја, а бидејќи Арапските Емирати претходно постигнале договор со холандската влада, сега напаѓачот ќе биде екстрадиран во родната земја.

Апсењето се случило на 29-ти февруари во одделението за пасошка контрола, па сега се поизвесно е дека актуелниот играч на Спартак Москва ќе заврши во затвор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни