Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ знае каде треба да се поправи: Ѓоковиќ има една многу добра изрека

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Душан Влаховиќ има скромен старт на новата натрепрувачка сезона и веднаш почна да добива нова серија критики, кои посебно се зголемија по мечот со Наполи на кој беше изваден на полувреме.

Српскиот напаѓач постигна два гола на мечот со Верона и тоа се единствените погодоци за него од почетокот на новата кампања, а бидејќи Тиаго Мота има многу поголеми очекувања од него, свесен е дека брзо ќе мора да одговори со голови на теренот.

Во интервјуто за „ДАЗН“, Влаховиќ потенцира дека многу добро ја разбира филозофијата на новиот тренер и дека верува во најпозитивно сценарио, но потсети дека во вакви кризни моменти како сега, треба да покаже карактер и да го поправи својот менталитет.

– Вистина е дека понекогаш знам да бидам нервозен на теренот. Кога работите одат наопаку на теренот, знам да се вознемирам. Морам да го променам тоа, бидејќи нервозата не ви помага кога сте доле на теренот.

– Ѓоковиќ има една добра изрека: Најдобра моја способност е да ја исфрлам од мојот ум грешката која сум ја направил! Кристијано Роналдо го има кажано истото и знам дека во тоа поле морам да се поправам, – вели Влаховиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни