Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ за својата одлука: Го направив она што најмногу го посакував

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Душан Влаховиќ стави крај на својата црна серија без постигнат гол и после 71 ден се запиша во листата на стрелците, а тоа го направи на големото дерби против Интер.

Србинот мина низ многу тежок период во последните месеци и беше поврзуван со заминување од Торино, но на крајот испадна посилен од сите шпекулации и остана да се бори за своето место во тимот.

– Таквите гласини не се никаква дистракција за мене. Секогаш бев убеден дека ќе останам во Јувентус. Секогаш постојат гласини, но тоа е дел од играта.

– Ако слушаме се што се зборува во јавноста, тогаш навистина ќе полудиме. Се изолирав од сите шпекулации и го направив тоа што најмногу го сакав. Останав во Јувентус, тоа е она што го сакав, – вели Влаховиќ во интервјуто за „Газета“.

– 71 ден без гол? Не бев анксиозен. Нема тајни во фудбалот, се исплати само секојдневната работа. Фудбалот е составен од подеми и падови, исто како и во животот. Најважно е да не потпаднете под влијание и да имате силен менталитет. Не бев загрижен за моите бројки, само се фокусирав на теренот и се обидував да му помогнам на тимот, – потенцира Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни