Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ за одличната форма: Има само една разлика во однос на минатата сезона

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Душан Влаховиќ со своите погодоци му помогна на Јувентус да дојде до уште една победа во Серија А, овојпат на „Виа Дел Маре“ каде фаворитот славеше со 3-0.

Српскиот напаѓач ги постигна првите два гола на дуелот со што му го отвори патот на Јуве кон 16. сезонско славје со кое екипата се искачи на првото место на табелата.

-Среќен сум, особено затоа што му помогнв на тимот. Немаше да ги постигнам тие голови без тимот, се надеваме дека вака ќе продолжиме. Секогаш сум мирен, само што можеби моите емоции изгледаат малку поочигледни на теренот.

-Успеавме да победиме на тежок стадион против тим што немаше пораз овде во четири натпревари. Ова е важна победа за нас и пред се успеавме да ја зачуваме мрежата, -истакна Влаховиќ кој веќе сега има дадено повеќе голови отколку низ целата претходна сезона.

-Физички сум во добра форма, едноставно е. Тоа е единствената разлика. Се грижам за себе, добро јадам, спијам добро, сите работи што ги правев минатата година, но сега фала му на Бога, физички сум добро. Се надевам дека ќе продолжам вака, -порачал напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни