Италија
Влаховиќ врти нов лист: Жалам за тоа што се случи во саботата
Душан Влаховиќ вчера го отвори резултатот во Торино и ја најави убедливата победа на Јувентус над Калјари (4:0), триумф кој пристигна во најдобро време за тренерот Тиаго Мота, но и за самите фудбалери.
По разочарувачкото издание и шокантното реми со Венеција, Влаховиќ дури влезе и во вербална пресметка со навивачите на Јувентус, но вчера успеа да го остави инцидентот зад себе и понуди партија каква сите очекуваат од него во континуитет.
– Среќни сме за победата и поддршката која ја добивме. Бевме навистина среќни што толку многу фанови дојдоа да не бодрат, добивме поддршката од првата до последната минута.
– Играм за еден од најголемите клубови во Европа кој има повеќе од 60 милиони фанови ширум светот. Како што кажав, жалам за тоа што се случи во саботата, но мора да продолжиме напред заедно. Мора да бидеме сплотени и тоа е најважно.
– Со ваква игра можеме да парираме на било кого. Секоја победа носи самодоверба и мора да одиме чекор по чекор, – изјави Влаховиќ.
-
Свет20 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства11 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Репрезентација20 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Светски првенства10 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија10 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија12 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Италија19 часа
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)
-
Шпанија16 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија