Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ со една изјава ги освои навивачите на Јувентус: Тоа ми е поважно од…

Објавено

на

Многумина во Торино очекуваат многу од српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ кој ќе биде ударната игла на тимот на Масимилијано Алегри оваа година.

Клубот од Торино на убедлив начин ја започна сезоната во Серија А, славејќи со 3:0 против Сасуоло со што уште од самиот старт ги потврди амбициите за борба за титулата.

Главен играч на оваа средба беше токму Влаховиќ кој постигна два погодоци, а по натпреварот истакна дека многу му е поважна победата, отколку тоа што зад своето име запишал два гола.

Во продолжение посочи дека освојувањето на Скудетото го реди пред титулата за најдобар стрелец за која е сериозен кандидат оваа сезона.

– Имаме одлична атмосфера во тимот, сите сме полни со самодоверба. Тимот е на првото место, а што се однесува до мене, секогаш бирам да го освоиме Скудетото пред тоа да бидам најдобар стрелец, -изјави Влаховиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни