Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ се врати во стартната постава и донесе победа за Јувентус (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

После пет натпревари на кои беше резерва, Душан Влаховиќ вечерва се врати во стартната постава на Јувентус на гостувањето на Сардинија, а токму неговиот гол се покажа како доволен за победа над Калјари.

Српскиот голгетер западна во втор план по доаѓањето на Рандал Коло Муани, но вечерва доби предност во почетните 11 на Тиаго Мота и мора да се напомене дека одигра одличен натпревар.

Влаховиќ беше активен во текот на сите 90 минути и сосема заслужено не беше повлечен од игра, а неговата упорност се покажа и како доволна за минимална победа.

Напаѓачот се избори за стопроцентна шанса во 12-та минута и успеа убаво да се снајде пред голот на противникот, па иако стануваше за рана фаза од мечот, овој момент се покажа како одлучувачки за трите бода.

По болната елиминација од Лигата на шампиони, за Јувентус ова е голем чекор напред во Серија А, каде до крајот на сезоната главна цел ќе биде да се обезбеди топ четири пласман.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни