Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ се пожали на повреда и најави нов голем проблем за Јувентус

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

Јувентус сезонава не може да излезе на крај со големиот број повредени играчи, веќе загуби двајца фудбалери за цела сезона, а од синоќа има нова грижа во најава.

Душан Влаховиќ одигра квалитетен натпревар на дуелот меѓу Србија и Данска во Лигата на нации, но во самиот финиш се пожали на повреда и принудно беше заменет од селекторот Драган Стојковиќ.

Гестикулациите на српскиот напаѓач најавуваат мускулен проблем, но тоа ќе биде појасно по неговото враќање во Торино и прегледите во медицинскиот центар на Јувентус.

Повредата доаѓа во пресрет на дербито со Милан и во период во кој Јувентус реално нема класична замена на напаѓачката позиција, па ова може да биде голем проблем за тренерот Тиаго Мота.

Аркадиуш Милик нема настап сезонава и се уште е во процес на рехабилитација, додека од останатите играчи повредени се Нико Гонзалес, Даглас Луиз и Василија Аџиќ, додека за Бремер и Кабал е јасно дека нема да играат до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни