Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ самокритичен: Морав да ги искористам тие шанси…

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус веќе некое време има пад во формата, па така против Наполи (2-1) го доживеа третиот пораз во петте последни натпревари во Серија А.

„Старата дама“ загуби со гол во самата завршница преку Распадори (88 минута), резултат кој можеше да се избегне ако гостите искористеа дел од шансите, полушансите, односно одговорноста за тоа ја презема напаѓачот Душан Влаховиќ.

-Искрено жалам за сите. Ако сакам да станам она што сакам да станам, да го направам тој дополнителен чекор на ниво, тогаш морам да ги искористам овие шанси. Ништо друго не можам да кажам. Имав можности да го победам натпреварот, работев толку напорно во текот на неделата и направив се за да бидам подготвен, но тоа не се случи вечерва, -рече Србинот и додаде:

-Размислувам да бидам одличен напаѓач. Вечерва имав три или четири шанси, така што во мислите треба да имам четири гола. Сепак, најголемиот проблем е што не победивме. Сите сакаат да станат најдобри во светот, сите работиме на тоа. Ќе продолжам да работам и се надевам дека ќе се вратам на головите на следниот натпревар што ќе го играм, бидејќи за жал нема да бидам таму против Аталанта, порача Душан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни