Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ размислува како вистинска гол-машина: Или сум на седмо небо, или сум празен и потонат

Објавено

на

Душан Влаховиќ направи голем трансфер во Јувентус на средина на сезоната и се претвори во лидер на новиот проект на Јувентус, кој дефинитивно доби и поинаков тек токму по ангажманот на Србинот.

Дел од парите кои се планираа за нов договор на Пауло Дибала завршија кај Влаховиќ и на крајот „старата дама“ се раздели со Аргентинецот, па јасно е дека Алегри во новата сезона ќе мора да му пронајде нов сојузник на Србинот во нападот, поготово ако се знае колку неговото расположение влијае од постигнатите голови.

Влаховиќ во интервјуто за „Икон“ опишува какво чувство кај него се раѓа во моментите кога постигнува погодоци за својот тим, нешто без кое вели дека не може да живее на спортски план.

– Јас живеам за постигнување голови. Празен сум во себе кога не постигнувам голови, а кога ги постигнувам, тогаш едноставно летам, се наоѓам на седмо небо.

– Головите комплетно ме исполнуваат, тоа ме возвишува. Кога не ја чувствувам таа емоција, по мечот сум празен, се чувствувам празно и потонато. Кога еднаш ќе го искусите, сакате да го доживувате постојано. Головите се зависност од која се стимулирам во секој момент. Во моментов живеам за голови, – вели Влаховиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни