Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ пристигна во Торино, тифозите на Јувентус го пречекаа големото засилување (Видео)

Објавено

на

Душан Влаховиќ во наредните неколку часа и официјално ќе се претвори во најголемото зимско засилување во историјата на италијанскиот фудбал, бидејќи српскиот голгетер е веќе во Торино и доби пречек од фановите на Јувентус.

Напаѓачот пристигна во медицинскиот центар на Јувентус за да ги мине медицинските прегледи и тоа е јасен сигнал за промоцијата која ќе следи во редовите на најтрофејниот клуб во Италија, кој реши да издвои рекордни 75 милиони евра за ангажманот на најдобриот стрелец во домашното првенство.

Иако станува збор за омразено ривалство меѓу Фиорентина и Јувентус, тифозите на „старата дама“ топло го пречекаа Влаховиќ пред медицинскиот центар на клубот и му посакаа добредојде пред авантурата во која навистина ќе има многу за докажување.

За да биде уште поинтересно и посимболично, Влаховиќ денеска полни 22 години и ќе го добие најдобриот роденденски подарок од Јувентус, бидејќи со четири и полгодишниот договор ќе си загарантира плата од 7 милиони евра по сезона.

Влаховиќ постигна 17 гола на 21 натпревар за Фиорентина оваа сезона, па повеќе од јасно е дека Масимилијано Алегри ќе добие огромно засилување за вториот дел од сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни