Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ одговори на жестоките навреди во Фиренца со прозивка до навивачите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Душан Влаховиќ е персона нон грата во Фиренца поради трансферот кој го направи во Јувентус пред 20 месеци, а при секое враќање на „Артемио Франки“ добива навистина лош третман од навивачите на Фиорентина.

Така беше и на вчерашното дерби кое се одигра во 11-то коло во Серија А, но откако беше жртва на расистички навреди и навредливи зборови, Србинот беше тој кој последен се смееше на крајот.

Навивачите го нарекуваа „циган“ и „предавник“ во текот на сите 90 минути и беше со свирежи испратен од теренот, но и тој имаше што да им порача на провокаторите.

– Можеби следниот пат ќе победите….., – им порача Влаховиќ на фановите, а подоцна се јави и на Инстаграм.

– Без оглед на ситуацијата, никогаш не дозволувај емоциите да ја совладаат твојата интелигенција……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни