Италија
Влаховиќ објави дека нема да биде во комбинација за септемвриските натпревари на Србија
Душан Влаховиќ ја започна првата сезона под водство на Тиаго Мота во одлична форма, но српскиот напаѓач денеска објави дека нема да настапи за својата репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации.
Членот на Јувентус го информирал селекторот Драган Стојковиќ дека нема да биде во комбинација, а одлуката ја донел поради приватни причини.
За да избегне шпекулации, Влаховиќ самиот преку социјалните мрежи ја објави информацијата и потврди дека Србија ќе биде без важен играч на претстојните натпревари.
– Денеска го известив стручниот штаб дека поради семејни причини нема да бидам во можност да го прифатам повикот на селекторот за дуелите со Шпанија и Данска, – напиша Влаховиќ, потврдувајќи дека ќе ги скокне натпреварите на националниот тим.
Пред репрезентативната пауза Јувентус има уште дерби соочување со Рома, а на 5. септември следува натпреварот на кој Србија ќе му биде домаќин на актуелниот европски шампион Шпанија.
-
Лига на шампионипред 12 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Шпанијапред 14 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
Шпанијапред 13 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Мото ГПпред 24 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 11 часа
Роналдо за очекувањата од Мбапе: Реал Мадрид е поинаква приказна од ПСЖ
-
Англијапред 23 часа
Пеп не е за „модерното време“, можеби и затоа е толку успешен (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……
-
Шпанијапред 8 часа
Анчелоти за номинациите за „Златна топка“: Го разбирам Родриго