Светски првенства
Влаховиќ нервозно го искоментира „секс скандалот“ кој ја потресе српската репрезентација

Душан Влаховиќ нема Светско првенство од соништата како што замислуваше пред неколку месеци, бидејќи покрај тоа што не ужива голема доверба од селекторот Пикси, проблеми му создаваат и повредите, но и натписите во „жолтиот печат“ во неговата родна земја.
Дел од српските таблоиди во изминативе два дена се занимаваа со доста чувствителна тема и го поврзуваа напаѓачот на Јувентус во љубовна афера, односно известуваа дека дошло до секс скандал во најсилната репрезентација.
Влаховиќ беше посочен како „предавник“ кој имал љубовна афера со сопругата на Предраг Рајковиќ, а бидејќи оваа вест стана многу популарна во Србија пред клучниот меч со Швајцарија кој се игра утре, младиот напаѓач на Јуве нервозно ја стартувал својата прес-конференција во Катар.
– Многу ми е жал што морам вака да ја отворам прес-конференцијата на Светско првенство. Секој збор е непотребен, но морам да реагирам и да се огласам за тоа што се пошуваше за мене. Се работи за мене и моето име. Тоа што го читаме, што го слушаме се обични глупости и измислици. Тоа го прават луѓе на кои им е здодевно во животот, тоа се искомплексирани луѓе, исфрустрирани и работат против интересот на репрезентацијата.
– За мене тоа е најголем проблем, особено во оваа фаза на турнирот кога се бориме да се пласираме во осминафинале. Сакам да го заштитам својот интегритет и затоа излегувам со оваа изјава. Ако треба ќе се бранам и законски и правно, – изјави Влаховиќ кој со ова алудираше дека ќе поднесе и тужби до медиумите кои ја пласираа веста.
-
Светпред 17 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
Шпанијапред 22 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Францијапред 13 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Момент за историја: Абдул-Џабар лично му честиташе на ЛеБрон за рекордот (Видео)
-
Светпред 15 часа
Реал го потврди статусот на фаворит и ќе се бори за пехарот на Светското клупско првенство (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 14 часа
Митревски блескаше и му ја донесе првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Братот на Меси жестоко ја нападна Барселона: Никој не ги знаеше пред Меси, тие се предавници
-
Англијапред 14 часа
Санчо даде гол по пет месеци, Јунајтед немаше сили за целосен пресврт (ВИДЕО)