Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ му одговори на Тони: Тој не знае како е, никогаш нема…

Објавено

на

foto: https://twitter.com/juventusfcen

Душан Влаховиќ имаше одлични настапи за Србија во овој мартовски „прозорец“ во квалификациите за Европското првенство и даде три погодоци на дуелите против Литванија и Црна Гора.

Со ова напаѓачот покажа дека е во добар ритам, односно дека тоа што не дава редовно голови за Јувентус е само склоп на околности, ситуации. Воедно тој ја искористи оваа прилика да одговори на критиките на легендарниот Лука Тони кој порача дека напаѓачот игра подобро за националниот тим затоа што притисокот е помал во спроедба со оној кога го брани дресот на „старата дама“.

-Лука никогаш нема играно за нашиот национален тим. Тој не знае како е, целата земја чека и се радува на нашите успеси. Немам притисок, ќе продолжам да работам и се надевам ќе дојдат головите, -истакна Душан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни