Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ: Многу ми значи довербата на тренерот

Објавено

на

Душан Влаховиќ минува низ турбулентен период со Јувентус, па добро ќе му дојде „одморот“ или поточно предизвиците со Србија во наредниов период.

Нашиот северен сосед се соочува со Шведска и Норвешка во Лигата на нации, а на Влаховиќ многу му значи што селекторот Драган Стојковиќ-Пикси има апсолутна доверба во него.

-Со нетрпение очекувам да се вратам во Стара Пазова. Последен пат имав физички проблеми, но тренерот секогаш ми помагаше. Ги бодрев моите соиграчи кога бев повреден и сега сум среќен што се вратив. Со нетрпение очекувам да се соочам со Шведска и Норвешка.

-Многу му значи довербата од тренерот. Дури и кога не играв многу со мојот клуб, тој секогаш ми се јавуваше, притискајќи ме да дадам се од себе и да постигнам добри резултати. Јас бев најмладиот играч овде, сега е Стефан Митровиќ, -истакна Влаховиќ.

Напаѓачот има дадено 7 голови на 14 меча за Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни