Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ ќе заработи „дебела“ казна за црвениот картон против Џенова

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус имаше уште еден разочарувачки настап и резултат и тоа во соочувањето со Џенова кое не успеа да го добие иако играше пред своите гледачи во Торино.

„Бјанконерите“ мораа да се задоволат само со бод во меч во кој не постигнаа погодок, а на крајот останаа и без играч помалку по исклучувањето на Душан Влаховиќ. Србинот во судиското продолжение се „исклучи“ и за краток период доби два жолти картони, односно со тој непотребен потег само го разлути тренерот Масимилијано Алгери кој веднаш по натпреварот порача дека напаѓачот ќе добие казна од клубот.

Според „Газета Дело Спорт“ истата ќе биде доста висока и Влаховиќ ќе остане без 70 илјади евра што е 5 проценти од неговата месечна плата.

По ова Душан сигурно двапати ќе размисли дали ќе прави вакви потези и во иднина, а пак во меѓувреме тој ќе мора да го скокне и дербито со Лацио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни