Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ ја откри тајната на Јувентус по двете ремек-дела кои ги режираше во Торино

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Душан Влаховиќ беше во подредена улога на стартот на сезоната и често беше резерва, но Србинто значително ги промени работите и сега е најдобар играч во тимот на Масимилијано Алегри.

Влаховиќ влезе во препознатливата голгетерска форма од времето во Фиорентина и постигна неколку клучно голови во последно време, но вчерашните два беа вистински ремек-дела.

Душан двапати го матираше голманот на Сасуоло со импресивна техника и покажа дека знае да погоди и од поголема дистанца, па по триумфот од 3:0 не го криеше задоволството да се постигнат такви погодоци пред домашните фанови.

– Која е нашата тајна оваа сезона? Го подготвуваме секој меч како да е последен, се обидуваме да дадеме се што имаме на секој меч. Среќни сме што победивме и што продолживме со позитивната серија.

– Фановите секогаш имаат големи очекувања од мене и мило ми е што постигнав гол од слободен удар. Уште кога ја земав топката, фановите имаа големи очекувања. тоа понекогаш носи притисок, но се надевам дека ќе постигнам уште многу вакви погодоци пред овие фанови. Навивачите секогаш се зад нас, тие се нашата сила оваа сезона и сакам постојано да ги гледам со насмеани лица, – изјави Влаховиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни