Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ ја одби историската понуда на Фиорентина: Готово е со преговорите!

Објавено

на

Преговорите меѓу Фиорентина и Душан Влаховиќ за потпишување на нов договор и дефинитивно пропаднаа, откако самиот претседател на клубот од Фиренца одлучи отворено да ја информира јавноста за случувањата во последните неколку дена, без оглед на тоа што истите се неповолни за „виолетовите“.

Роко Комисо минатата седмица откри дека му понудил петгодишен договор вреден 40 милиони евра на српскиот голгетер, но денеска ја информираше јавноста дека истиот не е прифатен и со тоа се става крај на сагата која трае веќе со месеци.

Фантастичниот Влаховиќ остана во Фиорентина изминатово лето, но по последните случувања, станува јасно дека ќе направи голем трансфер во блиска иднина.

– Влаховиќ не ја прифати нашата огромна понуда за продолжување на договорот. Се обидувавме со месеци, но сега дефинитивно е готово, преговорите пропаднаа. Кога дојдов во Фиренца, реков дека ќе бидам искрен пред фановите и дека нема да давам лажни ветувања што не можам да ги исполнам. Затоа сакам да ја изнесам информацијата за темата која кружи со месеци.

– Фиорентина се погрижи за извонредна понуда, му предложи договорот со кој ќе станаше најплатен играч во историјата, подобро платен и од Батистута и Руи Кошта. Понудата ја подобрувавме неколку пати, но и покрај сите напори, на крајот преговорите пропаѓаат. Додека бев во Фиренца во изминатиот период, се обидов лично да најдам решение, да го задоволам играчот и разочаран сум што моите обиди не беа наградени. Во секој случај, Душан има договор со Фиорентина уште 21 месец, сигурни сме дека играчот ќе има допринос во остварувањето на нашите цели и дека ќе продолжи да го демонстрира професионализмот кој го краси откако е тука со нас, – вели Роко Комисо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни