Италија
Влаховиќ ја објасни својата специфична прослава на Сардинија

Душан Влаховиќ после пет натпревари се врати во стартната постава на Јувентус и имаше дополнителен мотив да биде на највисоко можно ниво, а по прикажаното на гостувањето во Сардинија, мора да се напомене дека Србинот ја оправда довербата која ја доби од тренерот Тиаго Мота.
Влаховиќ го постигна голот за победа против Калјари и беше избран за играч на мечот, па со оглед на тоа што надмина период кој беше доста тежок за прифаќање, доста внимание привлече и прославата на српскиот голгетер.
Напаѓачот на Јувентус по натпреварот откри дека кошаркарската реакција била посветена на физиотерапевтите на „старата дама“, со кои Србинот очигледно има изградено близок и пријателски однос.
– Среќен сум што погодив, но најважни се трите бода. Кошаркарската прослава беше за физиотерапевтите, имаме многу заеднички работи и побараа од мене да прославам на тој начин ако постигнам гол. Прославата им ја посветив на нив, – откри Влаховиќ во интервјуто за „ДАЗН“.
– Јас сум професионалец и останувам мирен во било каква ситуација, секогаш стојам на располагање на тимот. Кога добивам шанса, треба да го дадам максимумот, знам дека се очекува многу од мене. Моја работа е да постигнувам голови и немам проблеми да се справам со било каква ситуација, – додаде Србинот кој падна во втор план по доаѓањето на Коло Муани.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!