Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ испрати порака по вчерашниот конфликт со дел од фановите на Јувентус

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Јувентус вчера уште еднаш се спасуваше од пораз во Серија А и тоа против фенерџијата Венеција, а лошиот настап и големиот резултатски кикс донесе сериозно незадоволство кај фановите.

Покрај свирежите, најгласни очекувано беа ултрасите кои по крајот на средбата испратиле и навредливи зборови на сметка на фудбалерите, при што Душан Влаховиќ решил да им одговори и влезе во вербален дуел со најжестоките фанови на Јувентус.

Целата ситуација крена голема прашина, а српскиот напаѓач денеска преку социјалните мрежи испрати порака со која се надева дека ќе ги смири страстите во пресрет на новите обврски на „бјанконерите“ во домашните натпреварувања.

– Го разбирам незадоволството од последните натпревари и имате право да го искажете истото.

– Отсекогаш сум ве почитувал, давајќи го максимумот за овој дрес и благодарам за поддршката и на вчерашниот дуел. Сега е важно да продолжите да ни ја давате поддршката и да бидеме обединети, – напишал Влаховиќ.

Јувентус веќе во вторник има нови обврски и ќе се соочи со Калјари во осминафиналето на италијанскиот Куп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни