Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ и Лаутаро постигнаа по еден гол, Јувентус и Интер ги поделија бодовите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Големото италијанско дерби меѓу Јувентус и Интер очекувано донесе претпазлив пристап и многу тактички надмудрувања на двете страни, па во таква ситуација, добра вест е што воопшто видовме голови во Торино.

Во еден борбен и на моменти тезичен натпревар, Јувентус подобро отвори и поведе со голот на Душан Влаховиќ, но гостите од Милан брзо смислија одговор.

Лаутаро Мартинез израмни на 1:1 и еуфорично го славеше постигнатиот гол, а иако имаше уште повеќе од еден час за игра, до крајот резултатот не се менуваше.

Аргентинецот погоди во 33-та минута, но двата тима не создадоа доволно за менување на резултатот, па така оние 1:1 од полувреме беа актуелни и по последниот судиски свиреж.

Со поделбата на бодовите, ситуацијата останува статус-кво на табелата, односно Интер со 32 бода има два повеќе од второпласираниот Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни