Европски првенства
Влаховиќ го реши балканското дерби во Подгорица, Павар со еврогол донесе триумф за Франција (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија излезе како победник од балканското дерби со Црна Гора кое вечерва се одигра во Подгорица.
Гостите се изборија за славје од 2-0, па со вкупно 6 бода се лидери во групата Г во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Човек на одлука беше напаѓачот на Јувентус, Влаховиќ кој беше автор на двата погодоци во 78 и 96 минута.
Во истата група, Унгарија го потврди статусот на фаворит и ја суреди Бугарија со 3-0.
Франција пак го освои Даблин благодарение на новото ремек-дело на дефанзивецот Павар. Павар кога игра за националниот тим секогаш дава супер голови, па така беше и вечерва против Република Ирска каде со „проектил“ донесе три бода во 50 минута.
What a goal by Pavard😮💨🇫🇷pic.twitter.com/I3CN5Fe5Ag
— PurelyFootball (@PurelyFootball) March 27, 2023
На другите средби Австрија ја совлада Естонија со 2-1. Молдавија и Чешка ремизираа без голови, Холандија-Гибралтар 3-0, Полска-Албанија 1-0 и Шведска-Азербејџан 5-0.
-
АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 23 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 18 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Реал Мадрид во завршни преговори за засилување од Хетафе
-
АТПпред 17 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Англијапред 21 час
Рио го „амнестираше“ Јунајтед и смета дека Арсенал е виновен што Сити е на чекор до трет трофеј
-
Светпред 14 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 18 часа
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)