Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ го продолжи голгетерскиот пост и се „повлече“ од Инстаграм

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус вчера загуби од Лацио, а клубот од Торино повторно остана без гол од своите напаѓачи, предводени од стартерот Душан Влаховиќ.

Српскиот репрезентативец го продолжи својот пост во дресот на „бјанконерите“, што има и директно влијание на резултатите на екипата, па по поразот во Рим решил да се „повлече“ од социјалните мрежи.

Влаховиќ го деактивирал својот Инстаграм профил, што е знак дека сака максимално да се концентрира на работата со својата екипа, а веројатно и дека добивал многу негативни коментари на својот профил.

Следна шанса за Србинот е дуелот со Спортинг во четврток, во рамките на четвртфиналето на Лига Европа, уште еден многу важен предизвик за Јувентус во кој за противник ќе има квалитетен ривал.

Влаховиќ последен пат погоди за Јуве на 7. февруари, односно нема погодок на последните осум натпревари во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни