Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Влаховиќ го посочи својот соговорник како „среќна амајлија“: Ова е твоја заслуга

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfcen

Душан Влаховиќ уште долго ќе го памети гостувањето во Лајпциг, бидејќи напаѓачот на Јувентус со два гола само потврди дека се враќа во извонредна форма по доброто издание кое го имаше и изминатиот викенд.

Србинот постигна два гола против Џенова и ги замолкнуваше критичарите, за вечерва да испорача уште два мајсторски гола, од кои еден во ситуација кога Јувентус играше со играч помалку на теренот.

Тимот на Тиаго Мота направи неверојатен пресврт со 10 играчи и се избори за херојска победа во Германија, а Влаховиќ беше избран за играч на мечот.

– Навистина сум многу среќен, особено за тоа што го направивме како тим. Игравме со 10 играчи речиси цело полувреме. Докажавме дека сме тим, се боревме заедно, онака како што тренерот побара од нас. Продолживме да притискаме и со 10 играчи и заслуживме да победиме. Ова беше фантастичен меч во секој поглед, – изјавил Влаховиќ во првото интеврју за „Амазаон Прајм“, во кое соговорник му бил Лука Тони.

– Ова всушност е твоја заслуга, – му порачал Влаховиќ на легендарниот напаѓач, посочувајќи го како негова „среќна амајлија“.

– Се сретнавме минатата недела и постигнав два гола изминатиот викенд. Мора да доаѓаш почесто да ме гледаш. Најважно е што победивме, мора да се навикнеме да играме на највисоко европско ниво, – завршил Србинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни