Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ даде атрактивен гол, Јувентус се спасуваше од пораз на Сардинија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Екипата на Јувентус продолжи со лошите изданија на гостински терен во Серија А, односно повторно не победи овојпат на Сардинија на соочувањето со Калјари.

Јуве не знае за триумф надвор од Торино од 21 јануари (совладан Лече со 3-0), поточно „бјанконерите“ имаат доста проблеми и така и беше и вечерва каде се спасуваат од пораз во дуелот со четата на Клаудио Раниери.

Домаќините водеа со 2-0 по првото полувреме и тоа со два гола од пенал кои ги постигнаа Гаетано во 30 и Мина во 36 минута.

Во вториот дел фаворитот успеа да се врати, камбек кој го најави Влаховиќ со мајсторскиот погодок од слободен удар во 61 минута.

Овој резултат беше активен до 87 минута кога Дозена со лоша реакција си постигна автогол и ги постави конечните 2-2.

„Старата дама“ сега има 64 бода што е доволно за трето место во Калчото, Калјари пак со 32 е на 14 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни