Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ човек на одлука: Јувентус со гол во 91. минута го освои Салерно (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус оствари драматична победа над Салернитана од 2-1 на вечерашното гостување во Салерно во рамките на 19. коло во италијанската Серија А.

„Бјанконерите“ мораа да прават пресврт во второто полувреме, пресврт кој беше комплетиран во 91 минута кога Влаховиќ со удар со глава го матираше домашниот голман.

Претходно Илинг Џуниор во 65 минута израмни на 1-1, односно може да се заклучи дека клубот од Торино максимално ја искористи играчката предност на теренот со оглед на тоа што Маџоре беше исклучен во 53 минута. Маџоре кој стрелаше за Салернитана во првото полувреме заработи втор жолт на почетокот на второто, ситуација која избраниците на Алегри ја искористија и дојдоа до супер значајни три поени во борбата за Скудетото.

„Старата дама“ на средина на сезоната има два бода помалку во однос на лутиот ривал и лидер на табелата Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни