Поврзете се со нас

Македонија

Влахо повеќе нема да го предводи Работнички

Објавено

на

Александар Влахо повеќе нема да биде тренер на македонскиот прволигаш Работнички.

Македонскиот стручњак одлучи да си поднесе оставка по лошите резултати кои клубот ги бележеше во последно време, резултати по кои екипата падна на седмото место во ПМФЛ, додека пак во Купот на Македонија испадна во осминафиналето од Пелистер.

-По долго размислување, а со цел да се извлече заедничко добро и за мене и за тимот, донесов одлука да се повлечам од позицијата шеф на стручниот штаб на Работнички. Поминав прекрасни 11 месеци во клубот, чиј пријател и голем навивач ќе останам и во иднија. Сега е време да се посветам на мојот следен проект кој го подготвувам подолг период. Би сакал да се заблагодарам за одличната соработка и за поддршката на раководството на ФК Работнички, сите мои соработници и пред се на фудбалерите. Им посакувам добро здравје и успеси во иднина и искрено се надевам дека Работнички ќе успее да го најде патот за враќање на европската сцена, -истакна Влахо.

Претседателот на Работнички, Драган Поповски му се заблагодари на Влахо и му посака среќа во понатамошната кариера.

-Би сакал да му се заблагодарам на Александар Влахо за посветеноста и напорната работа во ФК Работнички. Клубот му посакува се најдобро во понатамошната кариера. Во наредните денови ќе биде назначен нов шеф на стручниот штаб, -порача Поповски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни