Поврзете се со нас

Репрезентација

Владата се вклучи: Формирано координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација!

Објавено

на

Најголемиот фудбалски успех на репрезентацијата со изборувањето пласман на Европското првенство низ Лигата на нациите, предизвика преседан и во политиката.

На својата официјална веб страница, во одделот за информирање за донесените одлуки на 68. седница, Владата објави дека „донесе одлука за формирање Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал 2020, одложено од минатата година, а кое ќе се одржи годинава“.

Иако не се соопштени натамошни детали, ова координативното тело ќе има за цел да ја промовира Македонија. Истовремено, се вели дека истото тело треба да ја помогне организацијата, што најверојатно се однесува на актуелната ситуација со пандемијата од Ковид-19 и стриктните мерки за патување и престој во странските земји, меѓу кои се и оние што ќе бидат домаќини на нашите натпревари.

Се очекува Владата согласно прокламираната желба да ја подобри комуникацијата, на овој начин да биде директно инволвирана во сите технички работи кои можат да бидат пречка за граѓаните што сакаат да патуваат и да бидат сведоци на историскиот прв настап на Македонија на едно европско првенство.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни