Поврзете се со нас

Италија

Владата одобри, фудбалот во Италија се враќа нешто порано со еден дерби натпревар

Објавено

на

Италијанската влада го одобри барањето на челните лица на Серија А да се поместат куп натпреварите за еден ден порано.

Првично беше договорено сезоната во Италија да се отвори со куп натпреварите, и така и ќе биде, но сега истите ќе се одиграат во петок (12 јуни) и сабота (13 јуни).

Во првата средба ќе се сретнат тимовите на Јувентус и Милан и ова ќе биде првиот натпревар по враќањето на фудбалот во Италија, а еден ден подоцна во второто полуфинале ќе се соочат Интер и Наполи.

Финалето на Купот на Италија е закажано на 17 јуни, на три дена пред рестартирањето на сезоната во Серија А.

Ова ќе се реванш средбите на овие две полуфиналиња, а од првите средби Наполи има предност откако го доби Интер со 1:0, додека пак Милан и Јувентус одиграа без победник (1:1).

Двете средби со сигурност ќе донесат возбудлив фудбал и навивачите сигурно се радуваат на одлуката на владата на Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни