Поврзете се со нас

Боречки спортови

Владата ја ревидираше и ја збогати наградата за најдобриот олимпиец во историјата на Македонија (Фото)

Објавено

на

Дејан Георгиевски како сребрен македонски олимпиец беше пречекан во Скопје по големиот успех кој го оствари во Токио, па откако беше поздравен со сите почести од своите сонародници и од државниот врв, сега беше и на средба кај Премиерот Зоран Заев.

Георгиевски ги направи горди сите Македонци со најголемиот успех во историјата на една Олимпијада за учесник од нашата земја, па поради тоа, Владата на најновата редовна 93-та седница реши да ја збогати првичната еднократна награда која му ја подготви на таеквондо мајсторот.

– На оваа седница е дополнета одлуката за паричната награда за Дејан Георгиевски за постигнатиот врвен олимписки успех и таа сега е поголема за 800.000 денари и изнесува 2 милиони денари од страна на Владата и 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт,- гласи соопштениото на Владата.

– Ми беше задоволство лично да ги пренесам честитките до сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо.

– Дејан стана пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат. Следејќи го огромниот и историски олимписки успех, Владата на синоќешната седница ја дополни одлуката за паричната награда за Дејан за дополнителни 800.000 денари и таа сега изнесува 2,6 милиони денари, – порача Заев, вклучувајќи ја наградата од 600 илјади денари која ја обезбеди Агенцијата за млади и спорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни