Поврзете се со нас

Европски првенства

Витешка борба во Штутгарт: Мерино стрелаше во 119 минута, Шпанија е прв полуфиналист на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Селекцијата на Шпанија е прв полуфиналист на 17. Европско првенство и тоа откако вечерва го елиминираше домаќиниот на турнирот Германија по една голема борба која траеше 120 минута.

Шпанците славеа со 2-1 со голот кој во 119 минута го постигна членот на Реал Сосиедад, Мерино кој со глава ја смести топката во мрежата на Нојер.

Со ова „црвената фурија“ на ист начин му врати на противникот кој се спаси од елиминација во регуларниот дел со голот на Вирц во 89 минута. Претходно гостите поведоа во 51 минута преку Олмо на одлична асистенција на талентираниот Јамал.

Меѓутоа оваа победа и пласманот во полуфиналето носи големи главоболки за селекторот Де Ла Фуенте затоа што Педри се повреди и информациите се дека ова првенство за него е завршено. Поради картони пак недостапни ќе бидат Ле Норман, Карвахал и Мората што значи ќе мора да се бараат сосема други решенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни