Македонија
Витаминка – нов партнер на Фудбалската федерација на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови – Витаминка Прилеп. Соработката претставува поврзување на нашиот фудбал со компанија која претставува составен дел од животите на неколку генерации.
Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и Детска лига. Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот.
Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига – најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон.
Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ:
-Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации.
Сашо Наумоски – генерален директор на Витаминка:
-Со голема радост се приклучуваме кон фудбалската приказна на Македонија. Преку поддршката на Детската лига, ќе бидеме уште поблиску до децата и ќе придонесеме кон нивната активна и здрава иднина. Ова партнерство ја отсликува нашата посветеност кон заедницата и спортот.
Фудбалската федерација на Македонија и Витаминка започнуваат заедничка иницијатива која ќе ги инспирира најмладите генерации да растат здраво, активно и со спортски дух.
-
Италија23 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
НБА22 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
Лига на шампиони23 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Македонија16 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Македонија21 час
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Англија20 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони18 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…