Вистински урнебес: Мертенс игра во ритамот на Елиф Елмас и „није мене душо убило“… (Видео)

elif-mertens

Фудбалерите на Наполи одиграа едно крајно сериозен натпревар во секој поглед и заслужено славеа на „Џузепе Меаца“ со 0:1 благодарение на голот на Руиз, но сепак за издвојување е тимската игра на избраниците на Џенаро Гатузо кој дисциплнирано го слушаа секој совет од тренерот.

Рино беше апсолутно задоволен од изданието на сите свои играчи, вклучувајќи го и Елиф Елмас кој ги одигра сите 90 минути на гостувањето во Милано, кое сепак македонскиот репрезенативец одлучи да го одбележи и со една урнебесна сцена од соблекувалната.

Елиф сподели видео од подтрибинскиот простор на „Џузепе Меаца“ и со самото тоа долови каква е атмосферата во соблекувалната по големата победа, со тоа што во случајот тој пееше во ритамот на „Није мене душо убило“, а Мертенс го следеше и играше на комичен начин….

Facebook Коментари