Поврзете се со нас

Шпанија

Вистински раритет: Реал прими гол после 38 секунди, најслабиот тим во Шпанија води 0:2 на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LaLigaEN

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Алмерија тргна на доста неочекуван и шокантен начин за домашните навивачи на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи после 38 секунди игра следеше студен туш од комплетниот аутсајдер.

Алмерија е убедливо најлош тим во Примера и има освоено само шест бода, но денеска ја искористи заспаноста кај избраниците на Карло Анчелоти за да поведе во Мадрид.

Начо направи голема грешка и ја подари топката во нозете на противниците, по што беше организиран брз напад кој заврши со гол во мрежата на Кепа.

Иако беше добро позициониран, Рамазани го фати голманот на погрешна нога, па успеа да постигне гол и да донесе водство за Алмерија после 38 секунди.

Ова е најбрзиот гол кој го примил Реал во последните девет години, бидејќи претходно за 38 секунди прими гол и од Реал Сосиедад во 2015-та година.

Голот погледнете го ТУКА

За да биде шокот уште поголем, Реал прими и втор гол пред крајот на првиот дел, а стрелец на истиот беше Гонзалес по втората голема грешка на Начо.

Мајсторијата погледнете ја ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни