Поврзете се со нас

Свет

Вистински „џокер“: Даци влезе и донесе победа за Вестерло (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/KVCWesterlo

Македонскиот репрезентативец, Ердон Даци беше човек на одлука во победата на неговиот Вестерло над Кортријк во првата лига на Белгија.

Гостите славеа со 2-1 токму со погодокот на нашиот напаѓач во самата завршница поточно во 87 минута. Имено Даци влезе во игра во 54 минута при водство на Вестерло од 1-0, домаќините преку Дејвис израмнија на 1-1, резултат кој беше активен до самиот финиш кога Ердон се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата на Кортријк.

Ова за репрезентативецот беше трет лигашки гол во кампањата 2023/2024. Претходно стрелаше против истиот овој противник на домашен терен како и во соочувањето со Ројал Унион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни