Вистинска страст и љубов: Како Џерард ги прослави двата гола на Салах (Видео)

stivi-studio

Стивен Џерард беше посебен гостин во студиото на „Би-Ти Спорт“ по повод Лигата на шампионите, а пораешниот капитен на Ливерпул имаше повеќе од добра причина да биде задоволен од тоа што го понуди неговиот омилен тим.

Ливерпул ја победи Рома со високи 5:2, а наспроти сите пофалби кои популарниот Стиви Џи ги испрати до најголемата ѕвезда Мохамед Салах, сега угледната британска телевизија се погрижи да ги видиме страсните реакции на Џерард по погодоците на египетскиот фудбалски мајстор.

Facebook Коментари