Поврзете се со нас

Македонија

Вистинска мајсторија на Алварез за реми на дербито на Чаир

Објавено

на

Денешното вонредно коло од Првата македонска фудбалска лига беше обележано со дерби натпреварот одигран во Чаир помеѓу Шкупи и Шкендија.

Овој натпревар може многу да значи во битката за титулата, а по финалнтие 90. минути позадоволни може да бидат домаќините затоа што стигнаа до реми (1:1), со спектакуларен гол на Фреди Алварез во самиот финиш од средбата.

Претходно Шкендија дојде до водство со голот на Гури во 71. минута од натпреварот.

Денешното коло понуди неколку изненадувачки резултати, а од нив треба да се издвои победата на Македонија ЃП над Академија Пандев со убедливи 4:1.

Работнички славеше против Брегалница со 2:1, Борец ја продолжи црната серија на Пелистер совладувајќи го во Битола со 3:1, а на победа се радуваше и Скопје кој ја надигра Струга. Ренова и Тиквеш ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни